Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров, син на првиот претседател на Македонија

од Берта Китинска

На 78-годишна возраст денеска во Виена ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров. Инаку, тој е син на Кирo Глигоров, првиот претседател на Македонија, јавуваат медиумите во регионот.

Глигоров додипломските и магистерските студии ги завршил во Белград, а докторирал во 1977 година на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Работел на Универзитетот во Белград, а од 1994 година на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Во своето истражување тој бил особено заинтересиран за долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономската анализа и финансиските пазари.

Глигоров беше постојан соработник на Oxford Analytics, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за Wall Street Journal и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа.

Слични содржини