Почина млад натпреварувач од „Ѕвездите на Гранд“

од Nikola Popovski

Почина младиот пејач Момир Луковац (24) од Црна Гора, соопштија од Здружението на поп-уметници на Црна Гора и учесници на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.

Луковац бил еден од учесници на познатото српско музичко шоу.

Жирито го пофалило неговиот талент, а Луковац требал да стигне до третиот круг од натпреварувањето, пишува „Блиц“.

Тој последен пат настапи во јануари.

Луковац се претстави со песните „Prokleta je violina“, од Саша Матиќ и „Da me je ona volela“, од Аца Лукас, Миле Китиќ и Саша Матиќ.

Тој бил од Бања Лука, а живеел во Подгорица.

Слични содржини