Почнуваат подготовките за заеднички набавки на гас од ЕУ, може да учествува и Северна Македонија

од Nikola Popovski

Европската комисија денеска почнува со регистрација на потребите за гас како подготовка за заеднички набавки на гас на ниво на ЕУ, пренесе Бета.

Во тој процес, европските компании ќе можат да ги регистрираат своите потреби за набавка на гас преку механизмот AgeregateEU​, а целта е да се подготви ЕУ за следната зима со навремено полнење на складиштата за гас.

Тоа е отворено за компаниите кои трошат гас и оние кои тргуваат со овој извор на енергија од членки на ЕУ и земји од Енергетската заедница – Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Грузија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија и Украина, соопшти Европската комисија.

Заедничкото купување, исто така, треба да донесе повеќе потпора во преговорите за цените со меѓународните добавувачи.

Компаниите што се пријавиле имаат рок од една недела, до 2 мај, да се јават на првиот повик. Откако ќе ги достават барањата, бараните количини ќе се соберат во еден агрегат за тендер на светскиот пазар.

Слични содржини