Почувствуван земјотрес во Македонија

од Nikola Popovski

Доцна синоќа земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван во Радовиш и околината.

Земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Според информациите, бил на длабочина од 2 километри.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот се случил во 23.03 часот и дека потекнува од епицентралното подрачје на Радовиш.

Слични содржини