Поддржувачот на Трамп кој влезе во Капитол со рогови се сврте против него: „Ме изневери“

од Stefanija Kuzmanovska

Порано оваа недела, пред да ја напушти претседателската канцеларија, Доналд Трамп сè уште сметаше дека и покрај сè, неговите поддржувачи сè уште го сакаат. Меѓутоа, се чини дека дури и еден од неговите најистакнати поддржувачи го напушти откако го загуби претседателскиот мандат.

Адвокатот на Џејкоб Ченсли, попознат како „Шаман на QAnon“, односно лицето кое влезе во Конгресот со крзно и рогови, изјави дека неговиот клиент се чувствува предадено.

„Ченсли длабоко жали не само затоа што претседателот го изневери, туку и затоа што се стави во позиција каде што донесуваше одлуки кои не требаше да бидат донесени“, рече адвокатот Ал Воткинс, пишува Daily Beast.

Чансли беше уапсен по немирите, а минатата недела го молеше Трамп за помилување. Но не го доби тоа.

Слични содржини