Подмладокот на ВМРО развиори 20-метарско платно со ликот на Гоце Делчев

од Nikola Popovski

Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешното чествување на роденденот на најголемиот македонски револуционер, во истоимениот студентски дом развиори 20-метарско платно, за да ги потсети сите дека Гоце е Македонија и дека Гоце Делчев е фигура којашто обединува.

-Исто така дел од аманетот на Гоце е онаа славна и визионерска реченица за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. И во тој дух ги повикувам сите млади луѓе на мирно и достоинствено одбележување на споменот на овој великан онака како што нему и нам ни доликува, а оние било од земјава или од надвор што ќе се обидат да го злоупотребат овој лик за креирање на поделби во ова општество ниту му мислат добро на истото, ниту се достојни на ликот и делото на Гоце, а оние кои доаѓаат од странство, ниту пожелни во оваа држава. Сите останати без разлика дали од земјава или од странство се добредојдени да му се поклонат на овој македонски великан. Ова ви го кажува човек во чиешто семејство има жртви за идејата на Гоце – независна Република Македонија, изјави Борис Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини