Подољак: Маск да избере помеѓу Украина и Русија

од Vladimir Zorba

SpaceX на Елон Маск треба да избере страна меѓу Украина и Русија, изјави во четвртокот висок украински функционер, откако компанијата соопшти дека го ограничила за Киев сателитскиот интернет сервис Starlink за управување со беспилотни летала.

Гвин Шотвел, претседател и извршен директор на SpaceX, во средата рече дека услугата Starlink која и обезбеди на Украина широкопојасна комуникација во одбрана од руските сили – „никогаш не била наменета да биде оружје“.

Михајло Подољак, политички советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја критикуваше одлуката на Twitter, кој исто така е една од компаниите на милијардерот Маск.

„Една година на украински отпор и компаниите мора да одлучат: или тие се на страната на Украина и правото на слобода, и не бараат начини да наштетат. Или се на страната на Русија и нејзините „права“ да убиваат и окупираат територија“, напиша Подољак.

„SpaceX (Starlink) и г-ѓа Шотвел треба да изберат одредена опција“, рече тој.

Украинската војска користи илјадници уреди Starlink за комуникација на терен. Некои уреди им беа обезбедени бесплатно од компанијата.

И покрај важноста на Starlink за Киев, Подољак го критикуваше Маск повеќе од еднаш од руската инвазија на Украина.

Тој ги отфрли идеите на Маск за „размена на странски територии за илузорен мир“.

Слични содржини