„Политички кандидат“: Фејсбук и Инстаграм го одблокираа Трамп, еден детал на сите им е впечатлив

Одблокирани се налозите на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп на Фејсбук и Инстаграм.

Сепак, во моментов не е познато дали Трамп има пристап до овие социјални мрежи. По упадот во американскиот Капитол на 6 јануари, Фејсбук му забрани на Трамп да ја користи таа социјална мрежа, како и Инстаграм, „на неодредено време“.

Сепак, на официјалната страница на Трамп на Фејсбук веќе не стои „претседател на САД“, туку „политички кандидат“, и покрај фактот дека тој ќе биде на претседателската позиција до 20 јануари, до инаугурацијата на Џо Бајден.

Слични содржини