Полицаец од Конгресот извршил самоубиство по нередите?

од Nikola Popovski

Полицијата во Капитол објави дека починал уште еден полицаец задолжен за чување на Конгресот – Хауард Либенгуд (51), објави Политико.

Се додава дека Либенгуд не бил на должност за време на протестот на 6 јануари, кога приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Конгресот и кога четири лица беа убиени, а десетици полицајци беа повредени.

Полицијата, сепак, не ги прецизираше причините за неговата смрт.

– Офицерот Либенгуд беше патриот кој го посвети својот живот на одбраната на Капитолот и заштитата на сите кои служат, работат и го посетуваат овој храм на нашата демократија – рече претседателката на Долниот дом на Конгресот, Ненси Пелоси.

Смртта на Либенгуд се случи неколку дена откако полицаецот Капитол Брајан Сикник почина од повредите во судир со демонстрантите.

„Њујорк Пост“ објави дека полицискиот службеник наводно извршил самоубиство.

Слични содржини