Полицијата казни 429 возачи во Скопје, 62 за брзо возење

од Aleksandar Petrovski

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 429 санкции, меѓу кои 62 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 35 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 за возење без возачка дозвола, а 58 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини