Полицијата му нашла дрога, уапсен скопјанец на „Партизанска“

од Берта Китинска

По претрес од страна на полицијата, скопјанец бил уапсен поради поседување на дрога.

Имено вчера во 18:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ го лишиле од слобода Г.В.(44) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини