Полициски службеник убиен во Франција, напаѓачот починал

од Vladimir Zorba

Маж вооружен со нож уби полициски службеник во полициската станица во Рамбује, на околу 60 километри од Париз, соопштија локалните власти, додавајќи дека полицијата го уапсила напаѓачот. Тој бил сериозно повреден при апсењето и починал во болница неколку часа подоцна.

Француското обвинителство отвори истрага, а се сомнева дека ова е терористички акт. Во Франција во последните години се случија напади со ножеви, особено против припадниците на безбедносните сили.

Премиерот Жан Кастекс го опиша нападот „како варварски чин на неопислив кукавичлук“.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен ја посети полициската станица Рамбује на околу 60 километри југозападно од Париз.

Жртвата, полицаец, не била вооружена и излегла на пауза за ручек.

Напаѓачот, 36-годишен Тунижанец, и е познат на полицијата уште од претходно.

Слични содржини