Полицискиот час од полноќ ќе важи до 1 јуни

од Берта Китинска

Владата донесе одлука полицискиот час од полноќ до 4 часот  да остане на сила до 1 јуни.

По препораката на Комисијата за заразни болести, останува на сила одлуката летните тераси на угостителските објекти работат до 23:30 часот.

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена изјави дека  иако нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, сепак мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270.

Слични содржини