Полска, Литванија и Летонија повикани во Брисел поради кризата со мигрантите

од Milan1

Европската комесарка за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон ги повика претставниците од земјите–членки на ЕУ, Полска, Литванија и Летонија за да разговараат за судбината на мигрантите заглавени на границата со Белорусија.

„Многу сум загрижена за извештаите за луѓе, меѓу кои има и деца, кои се заглавени во шумите во тешки услови на надворешните граници на Европската унија со Белорусија“, изјави комесарката Јохансон, барајќи средба со тројцата амбасадори на земјите-членки во Брисел.

Полска, Литванија и Латвија пријавија големо зголемување на бројот на мигранти од Африка и Блискиот Исток кои изминатите месеци преминуваат од територијата на Белорусија.

Европската унија ја обвинува Белорусија дека намерно го организирала приливот на мигранти за да изврши притисок врз Унијата во знак на одмазда за санкциите воведени на Минск за кршење на човековите права.

Слични содржини