Помпео идната недела во посета на Украина и уште три екс-советски републики

од Aleksandar Petrovski

Државниот секретар Мајк Помпео идната недела заминува на турнеја во рамките на која ќе ги посети Велика Британија, Украина, Белорусија, Казахстан и Узбекистан, соопшти денеска портпаролоката Морган Ортагус.

Четирите екс-советски републики, Украина, Белорусија, Казахстан и Узбекистан, Помпео ќе ги посети за прввпат во својство на државен секретар.

На 30 јануари тој има планирана средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и министерот за надворешни Вадим Пристајко, како и со министерот за одбрана на таа земја.

На 1 февруари државниот секретар оди за Минск, на средба со белорускиот претседател Александар Лукашенко и министеот за надворешни Владимир Макеј.

Од Минск, Помпео лета кон престолнината на Казахстан, каде има средба со претседателот на таа земја, Шавкат Мирзиев, а потоа оди во Ташкент на регионална средба на раководители на дипломатските служби на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

На сите средби со шефвите на држави и влади на овие екс-советски земји, Помпео ќе ја повтори подршката на САД за нивната независност и територијален интегритет.

САД се посебно посветени на ситуацијата во Украина со конфликтот разгорен од Русија во источниот дел на земјата, и како што се истакнува, САД никогаѓ нема да ја признаат анексијата на Крим од страна на Москва.

САД со раководството на Украина ќе разговараат за борбата со корупцијата, но на прашање од новинар на еден американски медиум, високо официјално лице на Администрацијата не одговори дали ќе биде допрена и темата за притисокот на претседателот Доналд Трамп врз Зеленски да спроведе корупциска истрага за компанијата „Бурсима“ и семејството Бајден.

Не се одговори и на прашањето за теоријата, спомената во резговорот Трамп-Зеленкси од 25 јули 2019 година, според која Украина се обидела да се вмеша во претседателските избори во САД во 2016 година.

Помпео во Киев ќе се сретне и со претставници на граѓански организации, верски заедници и бизнис раководители, за разгледување на такви пашања како состојбата со заштитата на човековите права во земјата, инвестициите, економските и политичките реформи, укажаа од Стејт департментот.

Слични содржини