Поради Нетфликс, Качер мислел дека неговата сопруга гледа порно

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот актер Ештон Качер раскажа анегдота од брачниот живот, кога помислил дека неговата сопруга, актерката Мила Кунис, гледа филмови за возрасни среде ноќ, поради серија на Нетфликс.

Оваа случка двајцата ја раскажаа за време на гостувањето во емисијата Today With Hoda and Jenna, а Качер објасни дека се разбудил од спиење и ја видел Мила како зјапа во екранот на лаптопот.

„Не ми беше јасно што се случува. Бев збунет. Мислев дека можеби некој друг е во кревет со нас “, рече актерот, а потоа се огласи и Мила:

„Обично заспивам до десет часот навечер, но поради серијата останав будна до после полноќ. Ештон се разбуди и виде што гледам, па ме праша дали е тоа порно“, со смеа објасни актерката и додаде:

„Го замолкнав и му реков да ме остави да ја гледам венчавката до крај.

Слични содржини