Пораката од граѓаните е примена, имаме шанса за победа во вториот круг, вели Маричиќ

од Берта Китинска

Пораката од граѓаните, симпатизерите и гласачите ние ја сфативме многу сериозно, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, во „Студио 10“ во врска со резултатите од првиот круг на локалните избори.

-Лидерот на СДСМ, кажа дека пораката е примена, а за нас е важно да останеме обединети за да се движиме напред.Очигледно граѓаните сакаат реформите да одат побрзо, сакаат поотврени градоначалници….. Ако ВМРО-ДПМНЕ  не ги качува  гласовите, тоа значи дека имаме на кои гласови да се надеваме, односно имаме шанса за победа во вториот круг.Останува во овие десет дена во дирекна средба со граѓаните низ општините каде ќе има втор круг, да поразговараме со  нив, да се извиниме ако некаде сме погрешиле.Арогантноста ние одамна сме ја тргнале, таа не е одлика која може да послужи во политиката, кажа Маричиќ.

Слични содржини