Поранешната мисица Јаневска нов секретар на ЛДП Карпош

од Nikola Popovski

Поранешната мисица и манекенка Билјана Јаневска добила партиска функција, со што станала генерална секретарка на огранокот на ЛДП во Карпош.

-Почнав со голем кикс за локалните избори, но ЛДП како прогресивна и транспарентна партија ми даде шанса да се покажам и докажам со напорна работа. И благодарам на Претседателката Моника Зајкова, му благодарам на Генералниот секретар Боби Мојсоски, на сите членови во извршен одбор за довербата. Ветувам дека во следниот период овој мандат ќе го оправдам со уште повеќе работа и ќе бидам достапна за сите членови на општинската, објави Јаневска на социјалните мрежи, додавајќи меѓу другото: „Од Јас нема шанси да се бавам со политика, до ЛДП мојата најголема пасија“.

Јаневска ја претставуваше нашата држава на изборот за „Мис Модел Туризам во Светот“, кој во 2021 година беше организиран од Јамајка. Таа беше избрана за прва придружничка на натпреварот за убавина.

Јаневска е вработена во Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“.

Слични содржини