Поранешниот телохранител на Мијалков избегал од домашен притвор

од Aleksandar Todeski

Драганчо Стојменов, познат како Дацо Белски од вчера има статус на бегалец. Поранешниот телохранител на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков не бил дома вчера попладнето, кога Министерството за внатрешни работи отишло во посета на неговиот дом.

Од Министерството за внатрешни работи за Локално ја потврдија веста дека тој од вчера попладнето е бегалец.

„На лицето за кое прашувате му одредил мерка куќен притвор, и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР

Дацо белски минатата година, додека уште беше телохранител на Мијалков учествуваше во престрелка пред угостителски објект во Кочани. Тој рани човек и избега, но по некое време се предаде на полицијата, по што беше во притвор во Шутка. Кочанскиот суд подоцна му определи  домашен притвор.

Слични содржини