Постои само еден начин да откриете дали сте прележале коронавирус

од Берта Китинска

Осум месеци по почетокот на пандемијата, повеќе нема дилема – тестирањето докажа дека многумина имале корона дури и без да бидат свесни за тоа. Како знаете дали сте го преболеле Ковид-19 без да знаете за тоа, за британскиот дневен весник „Гардијан“, открива д-р Вилијам Хилман.

“Наједноставниот начин е да се направи тест за да се утврди дали некое лице има антитела против коронавирусот. Ако се присутни антителата, тоа значи дека лицето веќе имало Ковид-19”, објаснува лекарот.

Тој посочува дека вирусот корона има прилично широк спектар на симптоми. Некои луѓе, вели тој, се асимптоматски носители на вирусот и не се ни свесни дека имаат ковид, некои луѓе имаат благи симптоми на настинка, додека некои имаат симптоми слични на грип, како што се треска, болки во мускулите, отежнато дишење и кашлица.

Асимптоматските носители на вирусот се заразни

Запрашан дали асимптоматските луѓе се исто така заразни, д-р Хилмнан вели дека голем број луѓе кои се асимптоматски носители можат да бидат заразни некое време.

“Во овој момент, ние едноставно не знаеме колку долго биле заразни затоа што немаме доволно детали за асимптоматски инфекции. Кога луѓето се симптоматски, тие се заразни. Еден ден или два пред да станат симптоматски, тие се веројатно заразни. Вирусот се гради и започнува да еруптира, а потоа откако симптомите ќе исчезнат, луѓето сè уште можат да бидат заразни неколку дена. Имаме некои докази за ширење на вируси дури и неколку недели по исчезнувањето на симптомите. Тешко е да се знае дали станува збор за вистински жив вирус кој сè уште може да зарази некого или е само мртов вирус кој сè уште е во телото “, нагласува тој и потсетува на важноста од одржување на физичката оддалеченост, носење заштитна маска и темелно миење на рацете.

И што всушност ни кажува брзиот тест?

Таканаречениот брз тест за антитела определува два параметри – присуство на имуноглобулини G и M (IgG, IgM). Присуството на првиот, IgG, во крвта укажува на тоа дека лицето било заразено со вирусот (со или без симптоми) и на тој начин создало антитела. Друг, IgM, укажува на акутна инфекција.

 

 

Слични содржини