„Потенцијални коронa бомби“: Норвешката полиција стравува од нов бран на инфекција од еден извор

од Stefanija Kuzmanovska

Норвешката полиција стравува дека источноевропските сексуални работнички, кои ги кршат правилата за карантин, ќе ја шират инфекцијата на коронавирус на пазар каде што е тешко да се следат инфекциите.

Во последните неколку недели, полицијата во Осло откри повеќе случаи на проституција отколку вообичаено. Жените често доаѓаат од источноевропските земји кои се обележани со црвена боја на епидемиската мапа и честопати не ја почитуваат обврската да останат во карантин кога ќе ја преминат границата.

Неколку жени беа казнети, а Норвешката управа за имиграција донесе неколку одлуки за депортација.

„Врз основа на искуството, знаеме дека кога ќе наидеме на луѓе кои даваат сексуални услуги, тоа е само врвот на ледениот брег. За жал, веројатно постои голема црна бројка“, изјави полицаецот Андреас Мег-Бенцен за ТВ2.

Полицијата, засега, не е запознаена со случаи на инфекција меѓу сексуалните работнички, но ако се појави инфекција, тешко ќе се открие, соопшти полицијата.

Полицијата не може да следи кој користи сексуални услуги, што го отежнува следењето на ширењето на инфекцијата.

Слични содржини