ПОТРЕБНА ТРЕТА ДОЗА? Имунолог открива кога имунитетот по првите две дози почнува да опаѓа

од Stefanija Kuzmanovska

Во светот се зборува многу за третата доза на вакцината, а многумина беа изненадени од веста дека одредени земји ќе побараат нов PCR-тест за влез по одреден период, дури и меѓу вакцинираните.

Ова го објавија Австрија, Хрватска и други земји, а епидемиологот проф. Д-р Радмило Петровиќ рече дека проценува дека имунитетот од секоја вакцина ќе трае најмалку шест месеци, пренесе „Еспресо.рс“.

„Различни земји воведуваат различни критериуми, но сето тоа е во втор план, тоа е помалку важно од вакцинацијата во моментов. Основната мерка што штити од коронавирус е имунизацијата, а после тоа сè е од второстепено значење“, рече тој.

„Сè уште не знаеме колку долго ќе штити вакцината, светските експерти ја испитуваат на репрезентативни примероци, за секоја вакцина. Најверојатно е дека шест месеци ќе држи секоја, некоја дури и подолго, па врз основа на тоа сигурно ќе биде потребно да се даде ревакцинална доза или „трета доза“ како што сега се нарекува“, рече тој.

„Неизбежно е, според тоа што го знаеме 200 години уназад, бидејќи користевме вакцини, секоја од нив мораше да има ревакцинација по одреден период за да го продолжи имунитетот“, рече епидемиологот.

„Кај различни вакцини, тој период ќе биде различен, сè уште не можеме да го знаеме тоа“, рече тој во утринската програма на Прва.

Слични содржини