Потврден првиот смртен случај од мајмунски сипаници во Лос Анџелес

од Stefanija Kuzmanovska

Канцеларијата за јавно здравје во Лос Анџелес денеска го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници во областа, повикувајќи се на лице со многу слаб имунитет кое било хоспитализирано.

Тоа е втор регистриран смртен случај од мајмунски сипаници во САД, објави „Ројтерс“.

Мајмунските сипаници ретко предизвикуваат смрт, но луѓето со слаб имунитет може сериозно да се разболат или дури и да умрат, наведуваат здравствените власти.

Слични содржини