ПОТВРДЕНО: Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ произведуваат антитела и после шест месеци

од Stefanija Kuzmanovska

Две дози на вакцината на американската компанија „Модерна“ против ковид-19 произведуваат антитела и по шест месеци, покажа истражувањето објавено во списанието New England journal of Medicine.

Истражувањата продолжуваат за да се види колку долго можат да се детектираат антитела кај вакцинирани лица. Откриено е високо ниво на антитела на сите возрасни групи.

Експертите ќе продолжат да ја следат ситуацијата за да утврдат кога престанува заштитата и за колку долго може да се продолжи со дополнителни дози на вакцината.

Друга студија покажала дека американската вакцина „Фајзер“ е скоро 92 отсто ефективна по шест месеци. Процентот за „Модерна“ не е наведен, но и двете вакцини покажале многу високо ниво на ефикасност против тешките форми на болеста.

Веста доаѓа во време кога американските сојузни држави сакаат да ја прошират вакцинацијата на општата популација.

Според Центарот за контрола и превенција на болести, до вторник, повеќе од 108 милиони луѓе во Соединетите држави, скоро 33 отсто од населението, добиле една, а повеќе од 63 милиони и двете дози против коронавирусот.

Слични содржини