Повеќе од половина од Американците веројатно прележале „Ковид-19“.

од Vladimir Zorba

Речиси 60 отсто од луѓето во Соединетите држави, вклучително и три од четири деца, имале знаци на инфекција со Ковид-19 до февруари, според извештајот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Проценетата пропорција на луѓе во Соединетите Држави со откриени антитела од болеста се зголеми од 34% во декември 2021 година на 58% во февруари 2022 година, според студијата објавена од ЦДЦ во вторникот, нагласувајќи го опсегот на зимскиот бран на омикрон варијантата, која ја преплави државата.

„Веруваме дека има голема заштита во заедницата и од вакцинација и од егзацербација и од претходни инфекции“, рече директорката на ЦДЦ Рошел Валенски, цитирана од „The ​​Wall Street Journal“. „Ние сè уште продолжуваме да ги охрабруваме оние кои имаат откриени антитела од претходни инфекции, да се вакцинираат“.

Во екот на зимскиот бран на Омикрон, седумдневниот просек на познати случаи надмина 800.000 дневно, што е највисоко ниво досега забележано во Соединетите држави. Зголемувањето на бројот на тестови дома и немањето пристап до тестирање за многу луѓе, меѓу другите фактори, веројатно значи дека многу повеќе случаи поминале непријавени.

Делумно поради огромниот број случаи, бранот Омикрон во Соединетите Држави беше еден од најсмртоносните – седумдневниот просек надмина 2.500 смртни случаи дневно на почетокот на февруари, според податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

За да се добие подобра идеја за вистинскиот степен на пандемијата, федералните службеници во текот на периодот на пандемијата се обидуваат да ја проценат и следат серопреваленцијата или уделот на луѓето во популацијата со откриени антитела. Бидејќи сегашните вакцини за Ковид-19 го таргетираат „спајк“ протеинот, со користење на тест кој бара антитела насочени кон друг протеин наречен нуклеокапсид, може да се каже дали некое лице има антитела од претходна инфекција.

Слични содржини