Повредениот Пулишиќ призна: Не сум во добра форма

од Vladimir Zorba

Крилото на Борисија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ, призна дека во последно време не бил во оптимална форма.

Како што е познато, вчера се појави информација дека Челзи е подготвен да го остави Мичи Батшуаи за постојано кај „жолто-црните“, но ако го добие Американецот во замена.

„Мојата форма во моментов не е најдобрата што сум ја имал, но јас продолжувам да работам напорно и се обидувам да помогнам на соиграчите. Сега само треба да останам позитивен, да продолжам на ист начин и работите ќе се наредат. Сега нема време за одмор“, рече Кристијан.

Играчот доби лесна повреда во глуждот во Гладбах и е под прашање за гостувањето на Борусија кај Аталанта во Лига Европа.

Слични содржини