Пожар во Гостивар: Приведена мајката на починатото дете

од Nikola Popovski

По пожарот во Гостивар, во кој загина седумгодишно дете, приведена е 35-годишната мајка на детето.

Од СВР Тетово наведуваат дека С. Т. од Ресен веднаш по лишувањето од слобода откако ѝ е пружена медицинска помош, околу пладне задржана е во полициска станица Гостивар, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски” (член 203 став 2 од КЗ).

Според првичната истрага на Обвинителството во Гостивар, детето не можело да се спаси од пожарот, бидејќи во моментот кога избил тој бил врзан за нозе.

„Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид на местото на настанатиот пожар во станбена зграда во Гостивар, каде како последица на задушување, животот го загуби едно дете на 7-годишна возраст. Безживотното тело е испратено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта. Првичните сознанија на лекарскиот тим упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со синџир на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејства за целосно расветлување на случајот“, велат од ОЈО.

Трагедијата се случила на улицата Вардар во раните утрински часови, а први пламенот го забележале случајните минувачи кои повикале пожарна. Според информации од СВР во опожарениот стан живеело шестчлено семејство, но во моментот на пожарот во станот биле само мајката и сега настраданиот син.

Слични содржини