Пожарникарите се борат со шумски пожари во северозападна Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Пожарникарите во северозападната турска провинција Чанакале втор ден по ред се борат со силни шумски пожари кои се шират поради високите температури и силниот ветер.

Пожарникарите користеле копнени возила и хеликоптери за гаснење на пожарот во текот на ноќта, а министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека повеќе од 1.200 луѓе од девет села во областа се евакуирани, пренесува „Ројтерс“.

Властите исто така превентивно ги преместија пациентите од медицинските центри.

Поморскиот сообраќај во Дарданелите повторно беше прекинат за да им се овозможи на авионите и хеликоптерите да собираат вода за да го изгаснат пламенот.

Слични содржини