Познат датумот на одржување на претседателските избори во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Советот на Руската Федерација го одреди 17 март 2024 година како датум на избори за претседател на Русија.

Одлуката е едногласно донесена на денешната седница и стапува на сила од денот на нејзиното јавно објавување.

Претседателката на СФ, Валентина Матвиенко, истакна дека донесената одлука го означува почетокот на предизборната кампања во Русија. Матвиенко нагласи дека претстојните избори се најважниот политички настан кој во голема мера ќе ја одреди „идната насока на развојот на Русија“.

Директорката на Централната изборна комисија Ела Памфилова додаде дека се разгледува можноста за тридневно гласање.

Слични содржини