Позната комичарка објави своја ГОЛА ФОТОГРАФИЈА од бањата

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката и комичарка Ејми Шумер на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира целосно гола, покажувајќи ја лузната од царски рез.

Откако минатата година беше во фокусот на интересот бидејќи го смени името на нејзиниот новороден син од најбизарна причина, актерката сега ја објави својата гола слика од бањата, на која сакаше да го потенцира својот царски рез.

„Мислам дека лузната од царски рез денес изгледа симпатично“, напиша Ејми под оваа фотографија.

Фотографијата доби повеќе од 450 илјади лајкови, а во коментарите се појавија и неколку познати личности.

Патем, за време на бременоста, актерката јавно зборуваше за проблемите со кои се справуваше, како што се силните утрински мачнини.

Ејми и нејзиниот сопруг Крис Фишер го добија синот Џан во мај 2019 година.

Слични содржини