Позната актерка изгледа подобро од било кога во бикини: Никогаш не би погодиле колку години има (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Хедер Греам, во најмала рака, изгледа сензационално во бело бикини.

Холивудската ѕвезда (53) со фановите на Инстаграм ги споделила своите фотографии направени на плажа во Јамајка, пишува Дејли мејл.

„Благодарна сум што можам да поминувам време на оваа прекрасна плажа. напиша таа во коментар на таа социјална мрежа. Нејзиниот профил го следат 469 илјади луѓе, а нејзините обожаватели со воодушевување ја пофалија завидната форма на актерката.

„Сè уште најубавата жена што некогаш ја краси планетата Земја“, гласи еден од коментарите.

Овие фотографии Греам ги објави откако во едно неодамнешно интервју го истакна сексизмот во Холивуд и општеството. Актерката истакна дека не постои возраст во која жените смеат да се чувствуваат добро во своја кожа.

„Мислам дека, културно, дефинитивно има порака која постојано ни кажува – жените се чувствуваат лошо поради себе! Се чини дека нема возраст во која навистина ни е дозволено да се чувствуваме добро, освен можеби за многу краток временски период. Остатокот од времето треба да се чувствуваме како – премногу сум млада или премногу стара“, објасни таа за магазинот NewBeauty во април.

Но, ѕвездата на „Остин Пауерс“ најде начин да се справи со наметнатата фрустрација и да остане среќна и смирена.

„Морам да се исклучам од културата која е патријархален начин на гледање на работите и да се афирмувам себеси и да бидам среќна и благодарна за она што го имам. Колку стареам, толку сум попребирлива за енергијата што ја сакам околу мене. Љубовни и поддржувачки луѓе покрај мене. Кога бев помлада, барав тешки, драматични, комплицирани луѓе. Но во еден момент сфатив дека тоа е исцрпувачки. Сега, се обидувам да имам луѓе кои ми даваат поддршка во мојот круг.. Мора да бидете со луѓе кои навистина ве слават“, додаде таа.

На коментар дека изгледа како да старее наназад, актерката ја откри својата тајна – сон.

„Мислам дека една од главните работи е спиењето. Се трудам многу да спијам. Освен тоа, сакам само да бидам среќна. Правам секакви работи за самопомош: медитирам, се занимавам со јога, одам на терапија“, додаде таа.

Слични содржини