Познато колку Џордан ќе заработи од „The Last Dance“

од Stefanija Kuzmanovska

Додека трае општата еуфорија за филмот „The Last Dance“, се поставува едно логично прашање – колку ќе заработи Мајкл Џордан од овој документарен филм, еден од најгледаните во историјата.


Најбогатиот спортист во историјата, човек чиешто богатство е над две милијарди долари, се договори за хонорар со продукциската компанија, но, внимавајте сега, тој нема да земе „некој долар!“

Мајкл потпиша договор според кој треба да собере меѓу три и четири милиони долари. Целокупниот износ ќе биде испратен за хуманитарни цели.

Не се знае точно каде ќе завршат овие пари, но Џордан е познат како голем хуманитарец. Во 2019 година, тој ја основа Клиниката „Мајкл Џордан“ во Шарлот, која обезбедува медицинска нега на лица кои немаат здравствено осигурување. Се проценува дека има околу 30 милиони во САД кои воопшто не се осигурани.

Мајкл несомнено ќе заработи големи пари на другата страна. Продажбата на спортска опрема што го носи неговото име нагло се зголеми поради „The Last Dance“, така што милиони и онака се влеваат на сметката за „Летечкиот“.

Заработи и многу додека играше. Тој беше далеку најплатен кошаркар во Чикаго, другите не можеа ниту да му се приближат.

Слични содржини