Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си заминаа од Собранието

од Nikola Popovski

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека го напушта Собранието за денеска, со што значи дека најверојатно не успеа обидот за интерпелација на Владата.

-Ние сега си заминуваме, значи можат да го пуштат човекот, не мораат да го држат до полноќ. Сепак, не ја повлекуваме иницијативата за гласање (не)доверба на влада. Нека го ослободат пратеникот, ние си одиме, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски.

За пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, Николоски вели „човекот мистериозно исчезна, се појави на видео, блед, испиен, со подочњаци, позади него бел ѕид. Власта треба да објасни што му се случило“.

Слични содржини