Правилата се за да се почитуваат. Обично тоа си го кажуваме кога се доверуваме на некој специјалист за третманот на кожата.8419a0a44b0d761d7fc248026baa509e

Ги почитуваме сите строго наведени чекори и се стремиме максимално да се држиме до дадените совети.

Понекогаш, сепак, правилата се и за да се кршат. Имајќи предвид дека козметичката индустрија е исклучително динамична, секојдневно се менуваат утврдените основни точки на добрата нега.

По првиот,  ви го претставуваме и вториот дел од правилата за убавина кои можете мирно и со задоволство да ги прекршите.

1. Никогаш не носете сини сенки.

Сигурно сините сенки не се најсоодветниот козметички производ, ако целите кон природна убавина, но можат да бидат исклучително интересни со правилно поставување и изборот на нијанса. Модната писта ги издвојува обоените очни линии за пролет-лето 2015 и преферираме да го искористиме тоа.

2. Должината на косата ја одредува возраста.

Сме слушнале дека со староста е добро да се одлучиме за уште пократка коса. Фризурата не треба да се определува од годините, туку од сосема различни нешта како формата на лицето, дебелината на влакното, бојата и така натаму. Дефинитивно правило, што е добро да се шкртне.

3. Бојата на косата треба да ја прикрива возраста.

Тоа “правило” е всушност прилично глупаво. Точно е дека не на сите им стои подеднакво сива коса, но ако сакате да изгледате природно, без оглед на возраста, треба да ја оставите природното прошарана. Ако ви се допаѓа така, никој не може да ве задолжи да менувате што и да е.

4. Балсамите за коса треба да се користат само на врвовите.

Логиката на ова правило е да се спречи прекумерното мастење на кожата на косата.Вистината е дека употребата на регенератор само и единствено ќе ја хидрира косата.Слободно нанесувајте мала количина и врз корените, но задолжително исплакнете.

5. Високата цена значи квалитет.

Правило кое побргу треба да премине кон митовите и легендите. Високата цена на никаков начин не гарантира каков и да е квалитет – чести се случаите во кои плаќате за производ од кој сте исклучително незадоволни и обратно.

Слични содржини