Правите свадба? Коронавирусот би можел да ви го отежне наоѓањето на венчаница

Пронаоѓањето на вистинската венчаница само што стана уште потешко. Имено, коронавирусот се вовлече во сите пори на животот и во сите делови на светот, а влијае и на сосем неочекувани работи.

За многу жени, барањето на совршена венчаница може да биде малку напорна задача која трае со недели и месеци, а освен прегледувањето на бесконечниот број интернет страници во барање на идеи, мора да ја погледнете и понудата на салоните за венчаници. Но сега, сето тоа стана уште покомплицирано.

Имено, многу фустани се увезуваат од други земји и за жал, најчесто, тоа е Кина, а како што предупреди Крис Брајант, член на Парламентот на Обединетото Кралство, поради епидемијата на коронавирусот запре и произведувањето па во Велика Британија сега недостигаат венчаници. Да, добро прочитавте.

„Многу венчаници се дизајнирани во оваа земја, а се изработени во Кина“, објасни тој и додаде дека многу фирми претрпеа значајна финансиска загуба.

Како што пролетта најчесто е врв на сезоната за купување венчаници, тамошните застапници предложија Владата на воспостави некој вид на финансиска потпора за фирмите на кои им е потребна помош, пишува Metro.co.uk.

Се разбира, влијание на коронавирусот има и на други подрачја и различна индустрија, но веруваме дека невестите сепак најмногу ги мачи прашањето дали нивната венчаница доаѓа од Кина?

Слични содржини