Предизвикот „Остани дома“ го освојува светот, фудбалерите против Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Пандемијата на коронавирусот направи хаос низ целиот свет и откажани се сите фудбалски натпревари, па фудбалерите решија да придонесат во борбата против Ковид-19.

Експертите ширум светот ги повикуваат граѓаните да се изолираат, но многумина сè уште не се придржуваат.

Затоа многу познати фудбалери се приклучија на „Остани дома предизвикот“ (#StayAtHomeChallenge), кој многумина го нарекуваат и „предизвик со тоалетна хартија“

Целта е да жонглирате со ролна тоалетна хартија – т.е. да жонглирате со нозе така што да не ви падне на земја – најмалку десет пати (кој може да направи и повеќе).

Фудбалерите прво ги дезинфицираат рацете, а потоа номинираат други играчи, и така акцијата се шири низ социјалните мрежи.

Погледнете како му одеше на Тами Абрахам, напаѓачот на Челзи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд носеше маска и на крајот постигна гол, додека неговиот градски ривал Фил Фоден од Сити покажа и неколку трикови.

Австралиецот Тим ​​Кејхил играше и со глава.

А, Филипе Мело беше малку … Па, погруб.

Џејми Карагер, поранешниот дефанзивец на Ливерпул, не се снајде најдобро.

А голманот Петер Чех секако ги искористи рацете.

Најголемите мајстори немаа проблем – Тјери Анри, Лионел Меси, Марсело.

Слични содржини