Прегазен пешак во Сарај, со тешки повреди пренесен во болница

од Stefanija Kuzmanovska

На 25.03.2023 во 13.05 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „Отокар Кершовани“ патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(76) од Скопје удрило во А.С.(59) од с.Сарај-скопско, соопшти МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини