Прегазена жена во Скопје, се здобила со тешки повреди

од Radmila Tasevska

Вчера во 19.20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Антон Попов“ патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Н.(25) од Скопје удрило во А.О.(29) од с.Форино, гостиварско.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини