Прекрасна сцена: Делфини пливаат во канал во Венеција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Два делфини се снимени во вторникот во Големиот канал во Венеција.

Станува збор за возрасен и млад делфин, кои биле снимени во канал во Венеција недалеку од плоштадот Свети Марко. Делфините се забележани во времето на ограничувањата наметнати како резултат на пандемијата на коронавирус.

Глетката на делфините како пливаат во каналот беше причина за радост во овие „мрачни времиња“, изјавија очевидци, пренесува „Кликс“. Делфините беа снимени околу 8 часот наутро во близина на плоштадот Свети Марко, а беа во каналот „Giudecca“ беа до 15 часот.

Властите се обидоа да ги испратат назад кон морето користејќи акустични уреди. Дали тие успеале не е познато, па затоа не е познато дали делфините се вратиле во Јадранското Море или останале во венецијанската лагуна.

Слични содржини