Прелиминарни резултати на изборите во Хрватска: ХДЗ 68 места, „Рестарт“ 42

од Vladimir Zorba

Неофицијалните резултати на хрватската Државна изборна комисија објавени во 22 часот покажуваат дека ХДЗ освоиле 68 места на парламентарните избори за хрватскиот парламент, а коалицијата „Рестарт“, предводена од СДП, освои 42 места.

До 22 часот се обработени 50,77 проценти од избирачките места, каде гласале 40,69 проценти од гласачите.

Според овие резултати, движењето „Движење за татковината“ освои 15 места, а четвртата сила е Мост со освоени 8 места.

Зелено-левата коалиција, предводена од платформата „Можеме!“ освои шест места, коалицијата „Стрип“ предводена од партијата „Паметно“ освои две места, а Реформистите и ХНС освоија по едно место.

Слични содржини