Премиерот на Шпанија ќе лобира кај партнерите во ЕУ да ја признаат палестинската држава

од Симе Стоиков

Шпанската влада најави дека шпанскиот премиер Педро Санчез следната недела ќе се сретне со неколку негови колеги од Европската унија за да се обиде да добие поддршка за признавање на палестинска држава, пренесува Ал Џезира.

Агендата на Санчез вклучува средби со премиерите на Норвешка, Ирска, Португалија, Словенија и Белгија со фокус на ставот на ЕУ за израелската војна во Појасот Газа, изјави за новинарите владиниот портпарол Пилар Алегрија.

„Сакаме да ја запреме хуманитарната катастрофа во Газа и да помогнеме во започнување на политички мировен процес што води до реализација на решение со двете држави што е можно поскоро“, рече Алегрија.

Санчез претходно рече дека очекува Шпанија да го продолжи признавањето до јули и верува дека наскоро ќе има „критична маса“ во ЕУ што ќе поттикне неколку членки да заземат ист став.

Шпанија, Ирска, Малта и Словенија минатиот месец најавија дека ќе работат заедно за да ја признаат палестинската држава.

Претходно се огласи и министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, која рече дека признавањето на државата Палестина може да го покрене мировниот процес меѓу Палестинците и Израелците и да го поткопа „екстремизмот“ на Блискиот Исток.

Слични содржини