Премиерот на Украина: ЕУ уплати 600 милиони евра помош

од Vladimir Zorba

Европската унија денеска и уплати на Украина 600 милиони евра како дел од програмата за макрофинансиска помош, изјави премиерот на Украина Денис Шмихал.

„Денеска Европската унија уплати нова транша од 600 милиони евра како дел од проектот за макрофинансиска помош на Украина“, напиша Шмихал на Твитер.

Шмихал додаде дека е благодарен на Европската комисија и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен.

Слични содржини