Прерано е да се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 проценти, смета Бислимоски

од Vladimir Zorba

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски смета дека е прерано ДДВ-то за струјата на домаќинствата да се врати од 10 на 18 проценти.

Како што рече вечерва Бислимоски, ДДВ-то од 10 отсто треба да остане барем до крајот на годината, па дури потоа да се разгледуваат можностите за негово враќање.

Во гостување на „Топ тема“, претседателот на РКЕ информира дека е побарано од Електродистрибуција во наредните година – две сите броила во државата да бидат „смарт“, за да престане тензијата кај потрошувачите.

-Ќе има далечинско отчитување, од 00:01 часот на 1-ви до 23:59 во последниот ден од месецот за да се тргне таа пракса во претплата. Мене ми смета кога се жалат потрошувачи кои реално се во претплата и на некој начин го финансираат универзалниот снабдувач. Со овој потег што ќе се преземе, ќе престане овој проблем да прави нервозни ситуации кај потрошувачите, истакна Бислимоски.

Според него, блок тарифите засега дадоа добри резултати и има сериозно намалување на потрошувачката на струја.

Слични содржини