Претседателот на Австрија за климата: „Човештвото е во опасност“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, оцени дека сега се потребни „конзистентни и храбри акции“ во однос на заштитата на климата во Австрија.

„Имам впечаток дека многу луѓе сè уште не разбираат дека опстанокот на човештвото е во опасност. Нашата планета ќе продолжи да се врти, иако човечката цивилизација ќе исчезне поради прегревање“, рече тој во интервју за виенскиот дневен весник „Курир“ во врска со извештајот на ОН за емисиите за тековната година.

Ван дер Белен истакна дека 40 години се занимава со климатската криза и дека оваа тема ќе биде во фокусот на неговата работа како и досега.

Слични содржини