Превкусни бомбици за поенергичен почеток на денот

од Radmila Tasevska

Извадете ги топчињата од фрижидерот и ставете ги во уста. Не може да биде полесно! Дали овие бомбици ве потсетуваат на оние што се подготвуваат за прослави и празници од остатоците од бисквити и крем?

Сличноста е чисто визуелна, додека листата на состојки е значително различна. Ова се енергетски топчиња со пекан, суво грозје и путер од кикиритки кои ќе ве спасат секој пат кога ќе почувствувате глад помеѓу оброците, цитира Стандард лајф.

Состојки:

  • 100 гр пекани
  • 75 гр суво грозје
  • 1 лажица мелен лен
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица сируп од агава
  • 1 лажица кокосово брашно
  • 2 лажици путер од кикиритки

Подготовка: Ситно измелете ги пеканите и измешајте ги со суво грозје, мелен лен, сируп од агава и путер од кикиритки. Можете само да ги направите во обични бомбици или да вложите малку напор и добро да ги измешате состојките. Потоа бомбиците извалкајте ги во кокосовото брашно. Префрлете ги бомбиците во кутија со капак и чувајте ги во фрижидер.

Слични содржини