Презентација на методологијата на филтрација во правосудството

Денес на заедничка прес конференција, ќе биде презентирана усвоената методологија за проверка на работата на правосудството, од страна на министерот за правда, Бојан Маричиќ, државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, како и претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

Како што е познато во понеделникот, советот за реформи во правосудството го потврди интерниот пласн на СС за следење и оценување на судовите, судиите ии претседателите на истите за 2021. година

Исто така, беа потврдени и двете веќе усвоени методологии, од кои едната за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиско работење, а другата за квалитативно оценување на претседателите на судовите. Овие документи ќе бидат патоказ за тоа на кој начин следната година ќе се направи проверка на работата на судството.

Советот ги одобри и идните активности за оценување на работата на јавните обвинители, преку утврдените критериуми содржани во Правилникот за оценување на работата на јавните обвинители, донесен од Јавниот обвинител на Северна Македонија.

Слични содржини