Пригожин побара борбени авиони од американски медиум (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на руските платеници од „Вагнер“, Евгениј Пригожин, саркастично побара помош од американскиот медиум „Политико“ за опремување на неговата приватна армија со борбени авиони Ф-35.

„Политико“ побарал коментар од Пригожин во врска со муницијата што ја користеле неговите платеници, а која наводно била купена од американска компанија. Како одговор добил гласовна порака во која водачот на платениците бара помош за набавка на борбени авиони, американски снајперски пушки, митралези и мински фрлачи.

„Ве молам да разговарате со вашите контакти за да можеме да ги набавиме тие залихи. Имам уште едно барање за вас, набавете F-35. Како што разговаравме претходно, залихите треба да се купат преку Нов Зеланд. Можеби ќе биде неопходно да се наполни гориво на Хаваите, но навистина не гледам проблем“, рече Пригожин во гласовната порака до „Политико“.

„Политико“ дошол до Пригожин како дел од истрагата која открила докази дека производителот на руската пушка „Орсис Т-5000“ што ја користеле неговите луѓе, набавил муниција од американска компанија.

Пригожин додал дека „Вагнер“ има огромно количество муниција на НАТО што заостанала од украинската армија.

Слични содржини