Приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ пред Комисијата за европски прашања

од Stefanija Kuzmanovska

Во Собранието на Република С. Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На Комисијата за европски прашања амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ ќе ги претстави Програмата и Приоритетите за работата на Хрватското претседателството со Советот на ЕУ, во периодот јануари-јуни 2020 година.

На дневен ред на Комисијата за одбрана се измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и измените на Законот за јавните собири, двата во второ читање.

Предлог-закон за урбанистичко планирање, во второ читање ќе го разгледува Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Слични содржини