Природен пијалок кој го намалува холестеролот и триглицеридите

од Vladimir Zorba

И холестеролот и триглицеридите се масти во крвта, а кога нивото на овие липиди станува превисоко, тие можат да го зголемат ризикот од срцев и мозочен удар. Сепак, еден пијалок може да помогне бидејќи делува како антиглицерид.

Вредностите на холестеролот треба да се следат во текот на животот бидејќи поради високите нивоа срцето трпи притисок и посилно пумпа, па поради дополнителна работа постои опасност предвремено да ослабне. Ова го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања, срцев удар, па дури и мозочен удар.

За да избегнете такви опасни по живот состојби, најдобро е редовно да се проверувате и да одржувате здрав начин на живот – вклучително диета и пијалок што помага да се контролира, па дури и да се намали холестеролот и триглицеридите.

Состојки:

* 6 лимони,
* 4 целер.
* 1 литар вода.

Подготовка:

Потопете го лимонот во вода во која сте раствориле една лажичка сода бикарбона. Оставете да отстои десет минути, а потоа исплакнете со чиста вода. Потоа исечете ги лимоните со целата кора на коцки.

Излупете го и изрендајте го целерот. Измешајте го со лимон и прелијте со литар вода. Оставете ја смесата да отстои 24 часа, а потоа процедете ја со газа.

Напитокот чувајте го во фрижидер и пијте по една чаша за ракија пред секој оброк.

На здравје!

Слични содржини