Пристигна првиот авион на „ИзиЏет“: Скопје ќе биде поврзан со Женева три пати неделно

од Берта Китинска

Скопје ќе биде поврзан со швајцарскиот град три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок, од денес, 1 ноември, во текот на целата зимска сезона, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија, откако попладнево во 15.05 часот беше пречекан првиот лет на ИзиЏет од Женева на Меѓународниот аеродром Скопје

Женева ќе биде третата дестинација во Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има авионска конекција, по Цирих и Базе.

„Изиџет“ е британска нискобуџетна авиокомпанија со главна база на аеродромот Лондон-Лутон. Компанијата е основана во 1995 година од страна на претприемачот Стелиос Хаџи-Јоану, кој е со потекло од кипарски Грк и британски државјанин и витез на Британското Кралство . „Изиџет“ работи во рамките на групата EasyGroup и има над двесте редовни летови до повеќе од 65 дестинации.

Слични содржини